| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.01.2018

Пахтакор го совлада Вардар во првиот „тест“

* Узбекистанскиот тим му нанесе пораз на шампионот на првата денешна контрола со 2:0

Македонскиот првак Вардар на денешната прва контрола во Анталија, е поразен од Пахтакор Ташкент со 2:0. Двата гола беа постигнати во вториот дел кога Вардар настапи со сосема различен тим од оној во првиот дел. Јаневски им даде шанса на 23 играчи денеска на овој прв „тест“. Три шанси имаше Пахтакор во првиот дел во кои што Гачевски спасуваше негатива, а потоа Узбекистанците ја погодија и пречката. Ударите на Блажевски и на Попзлатанов беа одбранети од голманот на противникот. Во вториот дел Вардар го смени целиот тим, сите 11 за да добијат шанса сите играчи. На стартот една грешка на голманот Илиќ за малку не ја казни Пахтакор. Потоа Вардар се закани преку Барсегјан од слободен удар, меѓутоа тој удар беше одбранет. Иста ситуација и во 68. минута кога Стојков шутираше, а повторно голманот на Пахтакор успеа да одбрани, исто како и три минути подоцна после шутот на Охеда, играчот кој што е на проба во Вардаровиот тим. Во 76. минута водство за Пахтакор. Контра која одеше преку средината, топката стигна на левата страна до осамениот Ибрагимов, кој што погоди во долниот лев агол од голот на Алексовски. Веднаш во следната минута Охеда се најде во прилика, но неговиот шут беше одбранет. Пахтакор стигна и до втор гол во 83. минута. Стрелец беше Гидиканик кој што само ја спроведе топката во празната мрежа по проигрувањето од десната страна.




Датум: 20.01.2018, 17:16
Статијата е прочитана 947 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense