| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

11.07.2017

Персон: Не стравуваме од Вардар

Тренерот на Малме посакува триумф на утрешниот меч:„Не гледам причина за страв. Има само позитивна нервоза“, вели Персон

Тренерот Магнус Персон на денешната пресконференција ги искажа своите очекувања од утрешниот натпревар, но главна тема беше повредата на Розенберг и на неколку други играчи.
Розенберг сигурно ќе биде со нас во соблекувалната, а дали ќе настапи зависи од неговата ситуација. Мислам дека настап може само да му наштети, но ќе видиме.“, изјави Персон.
Тренерот на Малме запрашан дали има нервоза во екипата пред настапите во Европа.
Не гледам причина за нервоза. Излегуваме на теренот со една цел - победа. Дури и минимална, важно да биде победа. Сега нема тензија, но веројатно утре ќе се чувствува една позитивна тензија. Добро е што ќе ја имаме поддршката и со помош на нив да стигнеме до победа. Не чека долг пат во Лигата на шампионите, и јас се надевам дека ќе го завршиме успешно“, изјави Персон.
За Вардар кажа само неколку зборови.
Сигурно дека Вардар ќе ја игра својата игра, а ние нашата. Не е важно кој со кој играчи ќе стартува утре на натпреварот, важно е да дојдеме до триумфот. Добар резултат? Секако дека тоа е победа, па макар и со еден гол повеќе од противникот“, смета тренерот на Малме.



Датум: 11.07.2017, 16:01
Статијата е прочитана 1700 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense