| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

29.10.2017

Јаневски: Немаме идеја во нападот

Тренерот на Вардар појаснува зошто шампионот не може да победи во Кратово

Вардар одигра 0:0, на гостувањето кај Силекс и уште еднаш не успеа да прокнижи три бода. Не успеа да ја оправда улогата на фаворит. Сега има сериозни проблеми на резултатски план, односно Шкендија веќе има „дебела“ предност на врвот на табелата. Што се случи во Кратово, и зошто Вардар по гостувањето во Прилеп кај Победа, „успеа“ и по втор пат да не постигне гол на туш терен?
Имавме проблеми во нападот, и кога ќе стигневме до 20 метри, тука немавме идеја во завршницата. Нападнавме со сите сили да постигнеме гол, а кога ќе напаѓаш противникот многу лесно доаѓа до позиција од противнапади да те загрози. При една таква ситуација направивме пенал, кој што за наша среќа не беше реализиран. Во вториот дел продолживме да доминираме со посед на топката, но се појави истиот проблем. Кризата си го прави своето, и јас верувам дека брзо ќе дојдеме до победа, а со тоа ќе почнеме и една серија на освојување на бодови“ - изјави тренерот на Вардар по мечот во Кратово.


 



Датум: 29.10.2017, 17:00
Статијата е прочитана 1623 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
23.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense