| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

04.02.2017

Брдариќ ветува(л) титула!

Откако ја „скенирал“ целата ситуација, ги „снимил“ и другите екипи, не само својата, Томас Брдариќ пред заминувањето во Анталија, така велат нашите информации, им ветил на газдите дека „неговата“ Шкендија ќе дојде до првото место

Томас Брдариќ, новиот тренер на тетовските „црвено - црни“, не само што верува дека Шкендија може да дојде до првото место во првенството туку и дека, иако малку чудно за Германец, мора да дојде до такво нешто. Откако ја „скенирал“ цела ситуација, откако ги „снимил“ и другите екипи, не само својата и онаа на Вардар како директен конкурент, тој пред заминување во Анталија со екипата имал состанок со раководството на клубот и, секако, газдите, односно спонзорите, го ветил тоа. Така барем велат нашите додуша неофицијални информации.
И навистина ако ова е точно, тогаш Брдариќ е храбар човек, кој максимално верува во себе, но и во својот тим.

ИМА ДОБАР, ИМА ОДЛИЧЕН ТИМ...
Предноста на Вардар во однос на Шкендија е само четири бода, имено лидерот и шампионот има 41 бод, додека Шкендија 37. Но, треба да се играат уште 18 кола, значи, многу, многу бодови се во игра.
А на што се базира тој голем оптимизам кај Брдариќ? Дали со ова тој си прави непотребен притисок и не само кај газдите и раководството на клубот. Тој и кога беше промовиран како тренер на тетовци, тој посочи дека дошол во Тетово само за резултати и титули.
Е па се базира на тоа дека Шкендија има навистина добар, одличен тим. Ја има во свои раце можеби најдобрата Шкендија во нејзината историја. Има „гладни“ играчи за домашни успеси и пред сè за шампионскиот пехар. Тука мислиме на Ферхан Буба Хасани и Бесарт Ибраими. Тоа се двајцата први стрелци и не само во Шкендија туку и во Првата лига. И двајцата се здрави, но и двајцата знаат дека оваа пролет дојде време да се урне Вардар. Не треба останатите да се набројуваат, уште ако се погодат како засилувања новаците Челиковиќ, Чолак и Меџедовиќ, тогаш сè ќе биде полесно и за Брдариќ.



Датум: 04.02.2017, 10:39
Статијата е прочитана 3381 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense