| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

09.11.2017

Трајановски: Чувството да се победи со Македонија е бесценето

Секако дека сум пресреќен за голот и победата но имаме уште мечеви за играње и треба да сме на највисоко можно ниво, вели стрелецот за У19 репрезентацијата Филип Трајановски.

Македонската репрезентација до 19. години вчера направи голем исчекор во обидот да ја мине првата фаза од квалификациите. Ја победи Швајцарија со конечни 2:1, и сега сме во одлична ситуација. Нашите млади фудбалери одиграа одличен меч, особњно во второто полувреме, а во преден план секако стрелецот Филип Трајановски. Момчето кое вчера официјално дебитираше за македонската репрезентација погоди за 1:1 и го најави комплесниот пресврт што се случи подоцна.
„Како да не сум среќен, ова е сон на секој млад фудбалер. Да дебитира за својата земја и да постигне гол, да победи голем противник. Не можев да посакам подобар деби меч за Македонија. Сите ми честитаат, навистина посебен ден за мене. Секако најбитно е тоа што победивме, што покажавме дека имаме карактер како целина, и што по негативата се вративме резултатски. Нема место за еуфорија, мораме да останеме сконцентрирани. Овој прв меч во групата беше многу важен за нас одлично што победивме, но мора на преостанатите два меча да продолживме во ист стил. Да бидеме максимални скоцнентрирани, дисциплинирани на терен зоѓто видовте и сами противниците ја казнуваат секоја наша грешка и невнимание. На добар пат сме мора задачата да ја извршиме до крај“ - вели нашиот дефанзивец.


 



Датум: 09.11.2017, 11:35
Статијата е прочитана 1781 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
23.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense