| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.08.2017

Стефански суди во Истанбул, Ковач на Шкендија - Милан


Полјакот Даниел Стефански е делегиран за главен судија на мечот Фенербахче - Вардар, додека Иштван Ковач од Романија ќе суди на скопскиот натпревар меѓу Шкендија и Милан

Судии од Полска и Романија се делегирани за главни арбитри на реванш средбите на нашите евро претставници во плејофот во Лигата на Европа. Даниел Стефански (40 години) од Полска, ќе суди во Истанбул на средбата меѓу Фенербахче и Вардар, која се игра во четврток со почеток во 19:30 часот. Тој и судел на нашата млада репрезентација од минатите квалификации за ЕП во Полска, против Украина а последен евро меч му е оној меѓу Салцбург и Ријека во годинашните квалификации во ЛШ.

Иштван Ковач (32 години) од Романија, ќе биде главен судија на средбата во Скопје меѓу Шкендија и Милан која започнува во 20:45 часот. Тој досега, покрај другите, му судел на Работнички против Јелгава пред две години, а му судел и на Металург на дуелот со Карабах пред неколку години.



Датум: 20.08.2017, 14:07
Статијата е прочитана 289 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense