| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

27.05.2017

Бетис заинтересиран за Ристовски

Стефан Ристовски дефинитивно е на цена во моментов, на европскиот фудбалски пазар.

Тој ја освои титулата со Риека во хрватскиот шампионат, ќе игра во квалификациите од Лигата на шампионите, но дали ќе биде дел од овој клуб и следната сезона, останува да се види. Има многу заинтересрани клубови од престижните елитни лиги што се заинтересирани за неговите услуги, а медиумите константно лицитираат со имиња. Последен во редот е тимот на Бетис, кој, според шпанските медиуми, е подготвен да плати два милиона, додека, пак, Риека не размислува да го пушти под три милиони. Доколку започнат преговорите и Бетис сериозно загризе за нашиот интернационаклец, секако дека ќе пронајдат заеднички јазик со управата на Риека. Дефинитивно, самиот Ристовски ќе има можност да ги потврди своите несомнени квалитети пред шпанската јавност, веќе во јуни, кога нашата репрезентација игра токму против Шпанија, во квалификациите.

Повеќе во денешното печатено издание на „Македонски спорт“



Датум: 27.05.2017, 09:38
Статијата е прочитана 981 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense