| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.01.2018


Најденов година и пол во Корона


Нема веќе дилеми, нашиот интернационалец во следниот период ќе настапува во полскиот шампионат.

Бојан Најденов е нов член на тимот на Корона Киелце. Нашиот интернационалец веќе десетина дена е дел од подготоквите на овој тим во Анталија, а сега веќе нема никакви дилеми дека тој во следниот период ќе настапува за овој клуб.
„Се договоривме за соработка со клубот. Се излезе како што посакував зимава. Се работи за одлично организиран клуб во кој се надевам дека ќе го покажам сиот свој потенцијал и квалитет. Благодарност до сите оние кои периодов ме контактираа кои испратија понуди до мене, но јас ја одбрав во моментов најдобрата опција за мене и за мојата кариера“ - ни изјави Најденов.
Тој ќе потпише договор во траење од година и пол со полскиот тим, а веќе одигра и неколку пријателски мечеви во Анталија. Беше асистент на вчерашниот меч во тирумфот на Корона над тимот на Политехника.



Датум: 20.01.2018, 12:58
Статијата е прочитана 1067 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense