| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

22.06.2017

Милевски: Мораме да се бориме за победа

Пред утрешниот меч на македонската младинска репрезентација со Португалија на Европското првенство во Полска, селекторот Благоја Милевски најави борба за победа

Селекторот прво им се обрати на македонските новинари, кои беа отсутни од прес-конференцијата пред мечот во Србија.
„Се надевам дека и во иднина нашите новинари ќе бидат тука со нас. Не очекува меч во кој имаме минимални шанси за пласман понатаму, но додека тие постојат ние ќе се бориме за таа шанса. Секако дека мечот е од големо значење за нас, бидејќи не е исто да се заврши со еден или со четири бодови во групата. Сепак, покрај Португалија, Македонија е единствената репрезентација која пред првенството имаше двоцифрен број на месеци во кој немаше пораз“, изјави Милевски.
Селекторот верува во своите момци и во нивните квалитети да се судрат со силната Португалија и покрај коментарите на португалскиот селектор дека со Македонија тие ќе „бркаат“ гол-разлика.
„Никогаш не коментирам за мислењето на противникот, бидејќи на теренот се фудбалерите и тие се прашуваат за тоа што се случува таму. Нашите играчи покажаа дека можат да играат со секого“, додава Милевски.
На прес-конференцијата беше и капитенот на репрезентацијата, Ѓоко Зајков, кој вели дека треба да се почитува, но не и да се стравува од противникот.
„Не треба да трошиме зборови за противникот. Игрите кои ги покажуваат тие се на високо ниво“, изјави Зајков.



Датум: 22.06.2017, 19:26
Статијата е прочитана 1343 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense