| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

08.11.2017

Адеми и дефинитивно отпадна

Фудбалерот од средниот ред нема да биде на располагање за саботниот натпревар против Норвешка

Против Норвешка македонскиот национален тим остана без услугите на Аријан Адеми. Фудбалерот на Динамо, сепак, ќе мора да оди на хируршка интервенција, со што ја напушти репрезентацијата и веднаш оди да го санира израстокот на зглобот.

Што се однесува до другите играчи, ситуацијата со Кире Ристевски се подобрува. Тој го издржа и последниот тренинг, и тренира максимално. Висар Муслиу, пак, е крајно неизвесен поради тоа што тренира одвоено од останатите.

Претходно на селекторот Ангеловски му откажаа Никола Ѓорѓев поради повреда, и Илија Несторовски кој што е ослободен да игра за Палермо.



Датум: 08.11.2017, 15:44
Статијата е прочитана 1026 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense