| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

31.01.2017

Терек е следниот на „менито“ за Работнички

По неделниот триумф над Дњипро со 3:2, момците на стратегот Виктор Треневски денеска, од 16 часот се среќаваат со Терек Грозни

Она што го сакаше Виктор Треневски, тренерот на „романтичарите“, за овие подготовки во Анталија, а тоа се силни спаринг партнери, ги доби. По онаа победа со Дњипро од 3:2 во навистина добра игра во неделата, веќе денеска Работнички ќе има уште еден силен тест. А тоа е Терек Грозни, еден од најдобрите клубови во Русија, моментално четврти на табелата во тамошната најдобра лига. Тоа е навистина квалитетен противник против кого „романтичарите“ ќе видат до каде се со моменталната форма. Интересно е тоа што на официјалниот клупски сајт на Терек наголемо се рекламира овој денешен меч кој започнува во 16 часот.



Датум: 31.01.2017, 10:44
Статијата е прочитана 905 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense