| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

07.10.2017


МОНЕВ - ПРВИОТ МАКЕДОНЕЦ КЛУПСКИ МЕНАЏЕР


*Ненад Монев е првиот Македонец кој влезе на списокот на ЕКА со помош на УЕФА, во напредната студиска програма за добивање на лиценца клупски менаџер


Ненад Монев генералниот секретар на ФК Работнички деновиве доби големо признание. Имено тој влезе во напредната студиска програма која е организирана од страна на КМП (Клубски менаџмент програнма) во која ќе учествуваат 50 лица од раководствата на клубовите членки на ЕКА и УЕФА. Тој влезе на списокот на ЕКА (Европската клубска асоцијација) по заслуга за својата работа во клубот но и поради активното учество години наназад во оваа организација.

СЛЕДУВААТ 8 МОДУЛИ

Следуваат осум модули или студиски гостувања кај познати европски клубови, почнувајќи од Јувнтус и Торино до Стокхолм. Откако ќе завршат овие осум модули во наредните две години, Ненад Монев ќе се здобие со дипломата клупски менаџер, нешто што досега ниту еден Македонец го нема.
Програмата вклучува тренинг меннаџмент сесии и предавање од врвните експерти кои работат во најпознатите европски клубови, а како домаќини и предавачи се вклучени и  сопствениците на клубовите домакини, како Ањели, Абрамович...Програмата за управување со клубот е иницијатива на ЕКА за развој на клубовите и фудбалската индустрија во целина. Идејата е да се сподели знаењето и искуството на професионалното управување со фудбалските клубови преку серија поврзани сесии, организирани на различни места низ цела Европа. Се состои од серија на студиски сесии, посебно фокусирани на менаџментот на клубскиот фудбал.


 



Датум: 07.10.2017, 13:46
Статијата е прочитана 6673 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense