| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

23.04.2017

Скопска пресметка за мераклии, играат Шкупи - Вардар

Попладнево се игра „најжешкото“ дерби во главниот град. Кога играат Шкупи и Вардар тоа е дерби за сите вкусови. Интересот е голем, цела населба Чаир е на нозе. Сите сакаат да дојдат на стадионот и да го проследат големото скопско дерби

Во Скопје, во главниот град има неколку дербија, но едно е најжешко, едно е со посебен шарм,  а тоа е кога играат Шкупи и Вардар. Особено кога се игра на Чаир. Сите во оваа скопска населба сакаат да дојдат да го видат нивниот тим во фудбалска битка со Вардар, со најтрофејниот, со најголемиот клуб во Македонија. И сакаат успех, ја даваат таа своја голема поддршка. Ова дерби е дерби за мераклии, дерби за сите вкусови. Така било отсекогаш така ќе биде и утре. Па нека биде дерби во вистинска смисла на зборот.
„Нема да издадам некоја тајна ако кажам дека Вардар е многу силен тим. Тие се актуелни шампиони, веќе неколку години во континуитет прикажуваат одлични игри, а ќе играат и без притисок поради предноста од 11 бодови што ја имаат на првото место на табелата. Сепак, мислам и убеден сум дека во овој дерби натпревар местата на табелата не играат никаква улога. Ние сме максимално подготвени за добра игра и неколку пати докажавме дека можеме да го сопреме Вардар. Добар резултат за нас е можен, но за да дојдеме до него дефинитивно треба повеќе да истрчаме од противниците, да го конторолираме секој дел од теренот и да го добиеме секој дуел“ – вели капитенот на Шкупи, голманот Суат Зендели.



Датум: 23.04.2017, 13:32
Статијата е прочитана 718 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense