| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.10.2017

Јаховиќ со два гола стигна до бројката 11

Продолжува голгетерската серија на македонскиот интернационалец во Турција, кој што сега е на врвот на листата на стрелци во Турција

Вечерва Гезтепе одигра 3:3 со Аланија во првенството. А, кој друг ако не Адис Јаховиќ за домашниот тим. Јаховиќ продолжува во голгетерски стил и постигна два од трите гола за својата екипа. За жал, само за еден бод. Со тоа екс македонскиот репрезентативец стигна до бројката на 11 голови и се искачи на врвот на листата на стрелците. со два гола повеќе од Бафатеми Гомис од Галатасарај.

Јаховиќ продолжува да ги тресе своите противници. И минатото коло постигна два гола против Анталијаспор на гостински терен.

После натпреварот со Лихтенштајн, Јаховиќ се прости од дресот со националниот грб велејќи дека повеќе нема да настапува за Македонија. Головите оваа сезона му носат многу понуди и интерес, меѓу кој беше и оној од московска ЦСКА пред неколку дена.



Датум: 20.10.2017, 21:43
Статијата е прочитана 1514 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense