| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

08.03.2017

Шкендија премногу лесно испушта бодови

Составот на Томас Брдариќ тешко дека ќе ги оствари своите амбиции и сезонава ако игра како што играше со чаирчани

Не е сензација тоа што Шкендија не го победи Шкупи. Не е сензација, но е изненадување, особено ако се знае дека тетовци и во овој трет меч по ред сезонава на чаирчани не им дале гол. Оној двомеч од купот не го сметаме. Па не  е можно напаѓачи од типот на Хасани, Ибраими, Меџедовиќ, Радески, Абдурахими, сите играа во неделата, да не можат барем еднаш да ја затресат мрежата на феноменалниот Суад Зендели. И не можеа, тој меч заврши без голови. И сега место разликата во однос на Вардар да биде минус четири, истата е минус шест.

ТЕШКО ИМ ОДИ СО АУТСАЈДЕРИТЕ
Шкендија некако премногу лесно испушта бодови сезонава, и тоа против аутсајдерите. Се чини дека мечот со Шкупи и дефинитивно покажа дека тетовскиот клуб и ова сезона тешко дека ќе дојде до титулата. Зошто го велиме ова. Познато е дека пехарите се освојуваат кога се победуваат „малите“ екипи. Имено без разлика што Шкендија трипати загуби од Вардар, Шкендија не смееше на четири меча со аутсајдерите, тука мислиме на одделни дуели со Шкупи и Брегалница да освои само три бода од можни 12. И ете ја разликата меѓу Вардар и Шкендија. Да споменеме и тоа дека просто несфатливо е како тоа кога лидерот ќе направи „кикс“, како во неделата со Победа, Шкендија да не знае да го искористи.

* Прочитајте повеќе во денешното издание на „Македонски спорт“.



Датум: 08.03.2017, 12:51
Статијата е прочитана 1477 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense