| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.06.2017

„Романтичарите“ одиграа 1:1 со Скендербег

Тимот на стратегот Виктор Треневски на својот прв „тест“ ремизираше со повеќекратниот шампион на Албанија. Овој меч го следеше и голманот Кристијан Стоилков кој се уште е на рехабилитација

Работнички тргна со реми на пријателските средби ова лето. Попладнево во Словенија, „романтичарите“ одиграа 1:1 со Скендербег, еден од најдобрите клубови во Албанија. Лилај му донесе водство на својот тим од пенал во 76.минута, додека една минута подоцна Кадриу му донесе израмнување на Работнички во својот прв настап за „романтичарите“.
Инаку овој натпревар го следеше и голманот Кристијан Стоилков, кој се уште заздравува по тешката повреда. Тој му беше гостин на Работнички.



Датум: 18.06.2017, 20:04
Статијата е прочитана 3383 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense