| контакт | маркетинг

29.12.2017

Ноле се повлече од турнирот во Абу Даби

Србинот повторно има проблеми со лакотот, а неизвесен му е и настапот на  турнирот во Доха

Новак Ѓоковиќ денеска го откажа своето враќање на терените по шестмесечна пауза. Ноле требаше да настапи на егзибицискиот турнир во Абу Даби и денеска да игра со Роберт Баутиста - Агут, но, ја извести јавноста дека болката во лакотот му се вратила и дека неговиот медицински тим му советувал да не игра, туку да се врати на терапијата.
Поранешниот број еден, а сега 12. на АТП листата навести дека целиот старт на сезоната каков што го планирал може да претрпи измени, а се ќе се знае следните неколку дена. По Абу Даби, Србинот планираше да настапи на турнирот во Доха од 1 јануари, а и на Австралија опен во втората половина на првиот месец од 2018 година.



Датум: 29.12.2017, 13:31
Статијата е прочитана 842 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense