| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

29.01.2017

Во март со Белорусија во Скопје

После квалификацискиот дуел со Лихтенштајн на гости кој што е на програмата на 24 март, македонскиот национален тим многу веројатно ќе ги одмери силите со Белорусија низ пријателска средба.

Истата ќе биде одиграна во Скопје на „Националната Арена“. Тоа значи дека после дуелот со Лихтенштајн, играчите и стручниот штаб се враќаат во Македонија на „тест“ па дури после тоа ќе можат да заминат во своите клубови.
Со тоа се чини конечно е најден противник за март кој што се бараше, додека за јуни средбата со Грузија е откажана поради тоа што нема стадион на кој што може да се игра. Во јуни е натпреварот со Шпанија и тоа веројатно ќе биде последен меч на „Арената“ која после ќе биде затворена поради европскиот Супер-Куп во август.
Македонија до сега два пати ги одмери силите со Белорусија во рамките од минатите квалификации. Во Скопје загубивме 1:2, додека во Борисов игравме без голови.



Датум: 29.01.2017, 13:38
Статијата е прочитана 1101 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense