| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

09.20.2017

Адеми во солзи го прослави голот и враќањето на фудбалот

Со маестрален гол, нашиот репрезентативец означи официјален кам-бек на фудбалот по двегодишна пауза

Аријан Адеми е можеби најголемиот херој на македонската фудбалскат репрезентација вечерва. Во маестралната вечер на нашите фудбалери, Адеми е првата виолина затоа што по речиси две години минати во мирување поради суспензија, се врати на фудбалот и по само десетина минути на терен постигна гол за македонската фудбалска репрезентација.


„Поминав пекол и голема голгота за нешто што не бев виновен. Сега овој гол, и начинот на кој што го прославилв со многу емоција ми дава уште поголем мотив да се вратам на фудбалот иако тоа нема да биде лесно. Затоа што пред мене стои многу работа за да се вратам во старата форма„ - изјави Адеми и додаде.
„Благодарам за подршката на сите заота што силата што ми ја дава репрезентацијата, ме прави психички посилен. Благодарност до соиграчите и до селекторот“ - вели Адеми.


На прашањето која е разликата помеќу онаа Македонија од пред две години и оваа тој вели.
„Постои голема разлика. Ова е далеку посилна Македонија, која со играчите кои беа дел од ЕП е многу конкурентна. Мислам дека доколку се проодолжи со ваква работа на Македонија и престојат уште вакви победи. Лигата на нации е следната во која што одиме на направиме нешто повеќе“ - финишираше Адеми, кој вечерва постигна еден од најубавите голови постигнат во нашиот национален дрес. Нанижа неколку одбрамбени фудбалери на Лихтенштајн и ефектно заби во противничкиот гол.



Датум: 09.10.2017, 23:11
Статијата е прочитана 2897 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense