| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

23.12.2017

ШКЕНДИЈА ГО ОДБРА ХОТЕЛОТ „СУСЕСИ“

Во Турција се оди на 20 јануари, ќе се одиграат и четири пријателски мечеви

И официјално Шкендија го детализираше планот на зимските подготовки. Стартот е закажан за 3 јануари, се оди во Охрид а потоа од 20 јануари па се до 4 февруари, есенскиот првак ќе се подготвува во Анталија, одбран е хотелот „Сусеси Луксури Ресорт“ во месноста Белек. Прекрасен хотел со феноменални услови, она што му треба на тимот на есенскиот првак за максимално одработување на најважниот дел од подготовките.
Кога сме кај Анталија, да споменеме дека составот на стратегот Ќатип Османи, покрај вообичаените тренинзи ќе одигра најмалку и четири пријателски средби. Противниците се силни и познати екипи.

РАСПОРЕД НА ТЕСТ НАТПРЕВАРИТЕ
22 јануари  Шкендија - Цирих
26 јануари  Шкендија - Олимпик Доњецк
30 јануари  Шкендија - Динамо Загреб
3 февруари  Шкендија - Габала




Датум: 23.12.2017, 10:39
Статијата е прочитана 1837 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense