| контакт | маркетинг

28.02.2017

Ферари ги покажа забите

Кими Раиконен успеа да го подобри најдоброто време на Луис Хамилтон кое изгледаше недостижно во утринската сесија за да покаже дека Ферари засега изгледаат како најблиските конкуренти на Мерцедес по првите два дена тестирање во Барселона

Со меки гуми, Раиконен постави најдобро време од 1:20.960 по еден час во попладневната сесија, маргинално подобрувајќи го времето на Хамилтон, кое сепак беше поставено на супер-меки гуми. Хамилтон остана втор, додека Валтери Ботас, кој ја презеде работата во попладневната сесија беше само седми најбрз, но комплетираше фантастични 102 круга.
Канадскиот тинејџер на Вилијамс, Ленс Строл немаше најдобро Ф1-деби, откако излета во утринската сесија и не ја стартуваше попладневната поради недостаток на резервни делови.
Мекларен очигледно имаат проблеми. Белгиецот Штофел Фандорне повеќе од пет часа чекаше Хонда да го смени моторот на МЦЛ32 болидот, и попладнето имаше само 11 круга со заостанување од над 4 секунди.

РЕЗУЛТАТИ (БАРСЕЛОНА, 2. ДЕН)
1.Кими Раиконен (Ферари) 1:20.960, 108 круга
2.Луис Хамилтон (Мерцедес) 1:20.983, 66 круга
3.Макс Ферстапен (Ред Бул) 1:22.200, 89 круга
4.Кевин Магнусен (Хас) 1:22.204, 118 круга
5.Естебан Окон (Форс Индија) 1:22.509, 86 круга
6.Данил Квјат (Торо Росо) 1:22.956, 68 круга
7.Валтери Ботас (Мерцедес) 1:22.986, 102 круга
8.Џолион Палмер (Рено) 1:24.139, 53 круга
9.Антонио Џовинаци (Заубер) 1:24.617, 67 круга
10.Штофел Фандорне (Мекларен) 1:25.600, 40 круга
11.Ленс Строл (Вилијамс) 1:26.040, 12 круга



Датум: 28.02.2017, 18:23
Статијата е прочитана 330 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense