| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

16.01.2017

Младите од четврттиот шешир ги чекаат противниците

Македонската репрезентација до 21. година на 26. јануари во Нион ќе ги добие противниците за следниот квалификациски циклус за ЕП 2019 во Италија.

Претходно секако македонската репррезентација ќе треба да одигра и европско првенство, а потоа ќе се впушти во нов поход за успех, секако со нова генерација. Селекторот Благоја Милевски ќе биде дел од ждрепката во Нион.
„По големиот успех кој го имавме во претходната кампања, сега стартуваме од четврти шешир и 31. место. Претходно како што сите добро знаеме бевме дел од петтиот шешир и стационирани на 42. место. Во новиот квалификациски циклус ќе влеземе исто како и претходно со амбиции за успех и подобрување на рејтигнот. Немам некои посебни желби секако, затоа што противниците во суштина се силни. Само за пример од последниот шешир минатите квалфикации ја имавме Северна Ирска. Таму се уште и Андора на пример, Малта, Лихтенштајн и новитетот Гибралтар“ - вели Милевски.
Тој додава дека по малку е тешко во моментов да се подготвуваат две генерации, онаа која што ќе игра на европското и онаа која ќе игра во квалификациите, но од друга страна пак среќни сме сите што сме дел од најголемата континентална претстава за младински селекции.



Датум: 16.01.2017, 13:34
Статијата е прочитана 1274 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense