| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

16.09.2017

Втора лига запад: Коло на резултат 1:1

Дури три натпревари завршија со истиот резултат, а победи обезбедија само Влазерими и Еуромилк

Струга Трим Лум и Гостивар, двете екипи кои ќе се борат за највисок пласман, одиграа нерешено 1:1. Главевски ги донесе домашните во водство уште во 8. минута, за да израмни Мариќ во 68. минута и да обезбеди бод за Гостиварци.
1:1 заврши и во Новаци во дуелот со истоимениот тим и Локомотива. Водство донесе Наумоски, а Стојановски израмни за Локомотива. Истиот резултат важеше и на дуелот во Ѓорче Петров каде што Македонија ЃП ја пречека Лабуништа.
Триумф обезбеди Влазерими над градскиот ривал Зајази со 1:0. Херој на Влазерими беше Сулиман кој што погоди во 62. минута. Еуромилк, пак, единствениот гостин кој што се враќа со три бода. Тоа го стори со триумфот над Тетекс со 1:2.

ВТОРА ЛИГА ЗАПАД
РЕЗУЛТАТИ
Новаци - Локомотива 1:1 (Наумоски 61’ - Стојановски 70’)
СтругаТ.Л. - Гостивар 1:1 (Главевски 8’ - Мариќ 68’)
Тетекс - Еуромилк 1:2 (Станковски 17’ - Алији 48’, Спиркоски 87’)
Македонија ЃП - Лабуништа 1:1 (Костоски 78’ - Лескароски 58’)
Влазерими - Зајази 2:0 (Сулиман 62’, Адили 90+3’)
ТАБЕЛА:
1. Гостивар 7
2. Влазерими 6
3. Еуромилк 6
4. Струга Т.Л. 5
5. Локомотива 4
6. Новаци 4
7. Лабуништа 4
8. Тетекс 3
9. Зајази 2
10. Македонија ЃП 2



Датум: 16.09.2017, 17:45
Статијата е прочитана 2303 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense