| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

23.08.2017

Османи: Ќе ја играме нашата игра

„Ги анализиравме грешките од првиот меч, тешко ќе биде било што да се надомести, но ќе ја играме нашата игра“ истакна на пресот стратегот на Шкендија

Ќатип Османи и Ферхан Хасани, тренерот и капитенот на тетовци на вечерашниот прес потенцираа дека Шкендија утре ќе биде некоја друга Шкендија против Милан.
„Секако дека тоа беше висок пораз во Милано. Ги анализиравме грешките, сигурно дека ќе биде тешко било што да се надомести но ние ќе ја играме нашата игра и ќе играме за нашата чест“ истакна Османи.
„Утре ќе излеземе на терен да покажеме дека таа Шкендија од првиот меч не беше вистинската Шкендија. Ќе излеземе да покажеме дека знаеме да одиграме многу подобро“ рече Хасани.

 



Датум: 23.08.2017, 20:43
Статијата е прочитана 511 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense