| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.06.2017

ПЕЛИСТЕР: Нема лесно со Левски, Лех и Кајрат

Битолчани добиваат „пеколен“ противник во првото квалификациско коло од Лига на Европа. Богатите Лех и Кајрат со Левски од Бугарија

Познати се петте можни противници за Пелистер во квалификациите од Лигата на Европа. Полскиот Лех Познан е најсилниот можен ривал, потоа следи богатиот тим од Казахстан, Кајрат во чии што редови настапува Аршавин. Да биде „пеколот“ уште поголем во групата на можни ривали се наоѓа и најтрофејниот клуб од Бугарија - Левски.
Можеби шансата за Пелистер се последните два можни ривали. Станува збор за Зира од Азербејџан и Алтач од Австрија.
Ждрепката почнува од 13.30 часот во Нион.



Датум: 19.06.2017, 09:51
Статијата е прочитана 3287 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense