| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.03.2017


Адеми за посилна Македонија

Штета, Аријан Адеми нема да настапи со Албанија, меч кој се игра на 5 септември. Затоа Аријан ќе биде во составот за гостувањето кај Италија во октомври


Секако дека веста од Лозана за намалување на казната на Аријан Адеми е одична, како за него, така и за нашата репрезентација и за Динамо Загреб. Секако дека со него средниот ред на нашата селекција ќе биде осетно засилен, тој не е во форма но до септември кога му истекува намалената казна, Адеми сигурно ќе биде максимално подготвен на задоволство на селекторот Ангеловски.
Сепак штета што Адеми е може да игра против Албанија, квалификациски меч кој се игра на 5 септември во Скопје, од едноставна причина што казната му истекува на 16 септември. Аријан ќе се врати во октомври и тоа за гостувањето на нашата селекција кај Италија.



Датум: 24.03.2017, 19:01
Статијата е прочитана 2340 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense