| контакт | маркетинг

03.07.2017

ФИА нема да го казнува Фетел

Себастијан Фетел може да здивне. На неговиот 30-ти роденден, Светската автомобилистичка федерација (ФИА) реши да не го казнува дополнително за инцидентот со Луис Хамилтон во Азербејџан

Фетел заедно со шефот на Ферари, Маурицио Аривабене, се сретна со претседателот на ФИА, Жан Тод и со други високи официјални лица на асоцијацијата за „разговор“ за инцидентот во Баку.
Откако ги разгледале снимките од инцидентот во кој Фетел се удри во Луис Хамилтон во Мерцедес зад безбедносното возило, Фетел ја презел одговорноста. По ова и посветеноста на четирикратниот светски шампион да троши од приватното време во едукација на младите тркачи, ФИА реши да не оди понатаму со казните.
„По овие случувања, претседателот на ФИА реши дека работата треба да биде затворена. Забележувајќи ја сериозноста на инцидентот и потенцијалните негативни последици, претседателот на ФИА, Жан Тод јасно посочи дека не смее да има повторување на такво однесување, бидејќи во спротивност ќе се оди директно кај Интернационалниот трибунал на ФИА“, се вели во соопштението  на ФИА.



Датум: 03.07.2017, 20:37
Статијата е прочитана 974 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.11.2017
20.11.2017
20.11.2017
20.11.2017
20.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense