| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

10.10.2017

Брука, резил, срам - ГИБРАЛТАР!!!

Гибралтар ја совлада младата репрезенација на Македонија со 1:0 и си запиша историја со селекцијата која што пред неколку месеци учевствуваше на Европско првенство. Срамен пораз на Благоја Милевски и неговите момци

Ако пред само неколку месеци се гордеевме со репрезентацијата на Македонија до 21. Година, сега истата таа репрезентација ни нанесе еден од поголемите „резили“ кои сме го доживеале како фудбалска нација.

Предмалку избраниците на Благоја Милевски загубија на гостувањето кај Гибралтар со минимални 1:0, во еден од најлошите мечеви на една македонска фудбалска репрезентација некогаш одигран. Резултатски, играчки не толку, но кој ќе ја помни играта кога загубивме од селекција која за прв пат е дел од еден квалификациски циклус, за прв пат постигна гол и за прв пат освои бодови. За прв пат победи. Домашните славеа со голот на Торила во 64. Минута откако една нафрлена топка од средината на теренот ја зафати со глава. Предтоа Македонија и имаше шанси особено во првиот дел, преку Селмани, Костадинов, и Петковски но не успеа да ги искористи. Момци, секоја чест кога играте добро и кога со срце ги браните националните бои, но од денешниот резултат треба сите да се засрамите и да се замислите. Од ова поголемо дно нема. Од „ѕвездите“ до дното на фудбалот. Навистина срамота!



Датум: 10.10.2017, 19:04
Статијата е прочитана 3876 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense