| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.02.2017

Супер-дербито за Мечкаровски или Ставрев

Ждрепката е закажана за на пладне, а ќе биде полудиригирана. Кандидати за мечот Вардар - Шкендија се Димитар Мечкаровски или Александар Ставрев

Иако беше најавувано дека за второто пролетно, или за 20. коло, ждрепката за судиите ќе се изврши в среда, сепак, и овој пат како и за стартот на полусезоната, таа ќе биде в петок. Значи денеска, во 12 часот, во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, ќе се изврши ждрепка на судиите за тие пет натпревари од ова коло кое се игра викендов.
Самата ждрепка, барем како што велат нашите информации, ќе биде полудиригирана, па така за супер-дербито Вардар - Шкендија, во барабанот ќе бидат само двајца судии, и тоа најдобрите, Димитар Мечкаровски и Александар Ставрев. Дејан Јакимовски е надвор од комбинација поради тоа што бил зафатен викендов.
Еден од нив кој нема да суди на дербито, ќе им се приклучи на останатите тројца судии кои дополнително ќе бидат ждребувани за преостанатите четири меча, и тоа Шкупи - Работнички, Пелистер - Брегалница, Ренова - Македонија ЃП и Силекс - Победа.



Датум: 24.02.2017, 10:47
Статијата е прочитана 1345 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense