| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

06.10.2017

Радески е стартер, Ристовски стопер

*Познати се стартните 11 за дуелот со Италија кој почнува за неколку минути во Торино. Селекторот Ангеловски со неколку рокади во тимот поради повреди и суспензии

Дарко Велковски е во стартниот тим на Македонија за вечерашниот дуел со Италија. Стоперот поради повреда не играше за Вардар но ете го сега за неколку минути против „аѕурите“ заедно со Висар Муслиу во бедемот. Двајцата беа и на дуелите со Израел и Албанија и примија само еден гол. Изненадување е тоа што на десната страна во триото стопери ќе биде Стефан Ристовски. Десниот бек сега со нова - дефанзивна улога.
Од оние кои го почнуваат мечот изненадувањето се вика Маријан Радески. Се очекуваше Трајковски да биде во првите 11 но предноста ја добива фудбалерот на Шкендија. Во средниот ред се Барди, Хасани, Спировски и Алиоски како лево крило.
Во нападот „калчо“ машина за голови - Пандев и Несторовски а очекувано Столе Димитриевски е на голот. Ангеловски со формација 3-5-2 ќе се надигрува со тактиката 3-4-3 на селекторот Вентура.
Среќно момци... затоа што и Италија игра со најсилниот состав.




Датум: 06.10.2017, 19:39
Статијата е прочитана 749 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense