| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

29.06.2017

Лета Шкендија... ја прегази Дачија!!!

Тетовци и во Струмица ја имаат евро-формулата. Со 3:0 славеа над Дачија во 1. коло од квалификациите за Лига на Европа. Ибраими и Радески беа тандемот за голови

Најубедливата победа за Шкендија на евро-сцената. Тетовци попладнево во Струмица ја угостија Дачија од Молдавија. Противникот доби „три“ парчиња и класичен фудбалски нокаут. Уште по првите 10. минути стана јасно кој е кој на овој натпревар. Во 6.минута старт врз Маријан Радески. Чист пенал а од белата точка Бесарт Ибраими ја „заби“ топката во мрежата.
По само 3 минути игра веќе беше 2:0. Слободен удар за Шкендија од 22 метри. Ибраими бие, голманот брани но топката од третиот обид заврши во мрежата на Дачија а стрелецот е Радески. Токму младинскиот репрезентативец на нашата држава беше играчот на мечот. Радески во 75. минута повторно е стрелец. Овојпат Хасани центрира од корнер а Радески од 5 метри со глава стрела за голема победа на неговите „црвено-црни“.
Молдавците добија лекција по фудбал. И треба да бидат среќни затоа што си одат дома само со „три“ парчиња. Имаа од Шкендија барем уште 3-4 супер шанси за уште поголема победа од кои вредна е за споменување таа во 33. минута, кога Ибраими од слободен удар шутираше, а гостинскиот голман ја одби во дирекот.
Само за потсетување. Хелсинки е тимот кој ја чека Шкендија во следната фаза.



Датум: 29.06.2017, 19:45
Статијата е прочитана 7402 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense