| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.05.2017

УЕФА секогаш има план „Б“

Европската куќа на фудбалот е премногу сериозна институција, и сигурно дека и најмало загрозување на безбедноста може да значи и преселба на натпреварот. Да се надеваме дека тоа нема да се случи

Сите европски и светски институции будно ја следат ситуацијата во Македонија и во Скопје каде што во август оваа година се случува можеби најголемиот спортски настан во историјата на нашата земја. Националната Арена „Филип Втори“ ќе биде домаќин на европскиот Супер-Куп, на натпреварот на кој ќе учествуваат победникот во Лигата на шампионите и победникот во Лигата на Европа.
Ситуацијата во Македонија будно ја следи и европската куќа на фудбалот УЕФА која што ќе треба да го организира овој натпревар. Во Скопје веќе неколку пати беа инспекции на оваа организација, и ги гледаа сместувачките капацитети како и стадионот на кој што ќе се игра натпреварот. Но главното прашање е дали можат последните случувања околу политичката сцена и немирите пред неколку дена во Собранието на Република Македонија да донесат загрозување на тој натпревар?

* Поопширно во денешното издание на „Македонски спорт“.



Датум: 03.05.2017, 11:33
Статијата е прочитана 4690 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense