| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

02.04.2017


Вардар владее со Скопје, хет - трик на Меџедовиќ под Шара


Шампионот го доби соседското дерби со Работнички со 2:0. Стрелци на головите беа Којашевиќ и Балотели. Шкендија си поигруваше со „лавовите“, хет - трик на Дино Меџедовиќ

 

Дарко Панчев во ложата виде победнички Вардар. Шампионот и лидерот успеа со 2:0 да го победи Работнички во соседското дерби бр.57. Којашевиќ во 39. минута и Балотели во 90+3 беа стрелците на головите на овој дуел. Вардар беше подобар и победи заслужено зошто знаеше да ги користи своите шанси, за разлика од Работнички кој во 88. минута на резултат 0:1 преку Рашо не успеа да реализира зицер ситуација за израмнување.


Шкендија пак си поигруваше со Македонија ЃП. Успеа да победи со 5:1 а хет - трик постигна Дино Меџедовиќ додека Бесарт Ибраими стрелаше двапати од кој еднаш од белата точка. Гостите со убавиот гол на Ивановски намалија на 5:1.


Победа и Брегалница во Прилеп одиграа без голови. Домашните имаа шанса преку Шаркоски и Вучетиќ пак од слободен удар ја погоди пречката на прилепчани.
На Чаир победа на Шкупи над фаворизираниот Пелистер. Муарем Бајрами во 21. минута донесе златни три бода. Пелистер реди порази, влезе во црна серија.
И во Кратово сигурна победа на Силекс со 3:0 над Ренова. Пановски, Каланоски и Недељковиќ беа стрелците на головите за кратовци. 

РЕЗУЛТАТИ 24. КОЛО
ВАРДАР - РАБОТНИЧКИ 2:0
ШКЕНДИЈА - МАКЕДОНИЈА ЃП 5:1
СИЛЕКС - РЕНОВА 3:0
ШКУПИ - - ПЕЛИСТЕР 1:0
ПОБЕДА - БРЕГАЛНИЦА 0:0

ТАБЕЛА
1. Вардар 56 бодови, 2. Шкендија 50, 3. Работнички 39, 4. Пелистер 36, 5. Силекс 34, 6. Ренова 31, 7. Шкупи 25, 8. Победа 21, 9. Македонија 16, 10. Брегалница 13.



Датум: 02.04.2017, 17:03
Статијата е прочитана 2047 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense