| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

02.09.2017

АВРАМ ГРАНТ: Имате златни деца

„Секоја чест... Чекавте прилика и стигнавте до гол. Одигравте зрело а имате многу млади играчи. Честитки за победата“, изјави за „Македонски Спорт“ најголемото тренерско име на Израел

Нема кој не го знае Аврам Грант. Екс тренерот на Челзи, селектор на Израел и најголемото тренерско име на оваа земја. Беше на стадионот во Хаифа како стручен коментатор. Откако ја одработи домашната задача, познатиот тренер ни даде и изјава. За „Македонски Спорт“ тој најави:
“Честитки за победата. Ова беше натпревар со многу грешки на двете страни но вие го имавте Пандев и дадовте гол за победа. Секоја чест. Во вашата екипа има многу млади фудбалери. Имате добра иднина затоа што добри млади фудбалери се злато за секоја екипа. Секогаш кога губи Израел јас сум несреќен. Едноставно не одигравме на потребното ниво. Тоа сега ни се случува во серија. Македонија ја искористи конфузијата во нашиот тим...“, коментирапше искусниот стратег по победата на Македонија со 1:0.



Датум: 02.09.2017, 23:37
Статијата е прочитана 2773 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense