| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

05.05.2017

ФИФА го помилува Меси

Лионел Меси ќе може да ја предводи Аргентина низ квалификациите за Мундијалот во Русија откако Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја тргна суспензијата од четири натпревари која му ја изрече претходно

29-годишниот фудбалер на Барселона беше казнет поради навредливи зборови кон судијата и неговите асистенти за време на победата на Аргентина над Чиле со 1:0 во март. Тој го пропушти натпреварот кој Аргентина го загуби од Боловија во квалификациите, а требаше да ги пропушти натпреварите против Уругвај, Венецуела и Перу. Исто така ФИФА ја тргна и паричната каза од 10,000 швајцарски франци.
Аргентина сега ќе го има на располагање својот најдобар фудбалер за овие мечеви и за четвртиот и последен во групата против Еквадор во борбата за место на Светското првенство идната година. „Гаучосите“ се на петтото место во групата од 10 репрезентации, а најдобрите четири обезбедуваат директно место на Мундијалот, а петтиот ќе игра бараж.



Датум: 05.05.2017, 18:38
Статијата е прочитана 926 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense