| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

15.06.2017

Ако ја минеме групата се враќаме во Скопје!?

Чудно но вистинито! Ако Македонија У-21 се пласира во полуфиналето, тогаш прво експедицијата се враќа во Скопје а потоа одново ќе оди во Полска


Ќе се случи многу интересна ситуација доколку ја минеме групата, односно влеземе во елиминациската фаза, поточно доколку влеземе во полуфиналето од Европското првенство. Таму ќе се најдат првопласираните од трите групи и најдобрата второпласирана репрезентација. Доколку Македонија биде една од четирите селекции, од сегашната база ќе се врати во Скопје, па повторно ќе замине за Полска!? Барем такви се најавите од организацијата во нашиот табор, каде што велат дека со оглед на фактот што сме заминати во Полска со чартер, поисплатливо ќе биде да се вратиме, па повторно да заминеме. Градот Гдиња, каде што сме сместени во моментов, и Краков или Тихи, двата града каде што се играат полуфиналните средби, се илјадници километри оддалечени и немаат директна авионска линија, па за нашата експедиција е далеку поедноставно да се врати, па повторно да замине за Полска.



Датум: 15.06.2017, 11:44
Статијата е прочитана 10382 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense