| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

27.09.2017

Шкендија владее со врвот и со Тетово

Ибраими па Хасани. Тоа е машината за голови на „црвено-црните“ која ја донесе новата победа на Шкедија во шампионатот. Работнички и со нов тренер „трча“ во место

Шкендија ја доби тетовската пресметка во 8. коло од Првата лига. Коло во кое не играа Вардар и Академија Пандев поради настапот на првакот во Лигата на Европа. А во Тетово очекувана „тројка“ за домашните. Многу брзо Шкендија ги постигна головите и ја завери победата. Бесарт Ибраими во 6.минута го отвори резултатот додека Хасани во 30 минута стрела за 2:0. Тоа беше доволно за посакуваната цел за лидерот на табелата. Ренова се закани во вториот дел но оваа екипа има проблем со реализиацијата и сето тоа беше во корист на Шкендија.
Работнички го одигра првиот меч со Горан Станковски на клупата. Но и тренерската смена не донесе ништо ново во играта на „романтичарите“. Досадна „нула“ со Силекс на празната Арена. Далеку е сето тоа е елитен фудбал во Македонија.
За разлика од Работнички, новиот тренер донесе новитет во играта кај Победа. Славољуб Бубања дебитираше со победа и тоа со рекордни шест гола на „Могила“. Конечните 4:2 носат радост и сигурност кај Победа додека Скопје останува единствен тим без триумф во елитното друштво.


Прилепчани отворија преку Гешовски кој погоди од пенал. Израмни Џугирдиќ во 41. минута а кога сите очекуваа крај на полувремето се случи 2:1 преку Илиески во 47. минута.
Вториот дел почна со нов гол за Победа. Цветановски во 48. минута стрела за 3:1 додека Ристевски со автогол донесе неизвесност и 3:2. Во последните минути, Борче Маневски ги постави конечните 4:2.
На „Чаир“ немаше победник. Шкупи се спаси во дуелот со Пелистер кој имаше 0:1 по првиот дел преку голот на Оливер Пеев во 40. минута. Сепак домашните во 69.минута спасија бод преку Јашаровски кој беше на вистинско место во вистинско време по ударот на Мбела и одбраната на Марко Јовановски.

РЕЗУЛТАТИ 8. КОЛО
Шкендија - Ренова 2:0
Работнички - Силекс 0:0
Шкупи - Пелистер 1:1
Победа - Скопје 4:2
А. Пандев - Вардар одложена

ТАБЕЛА:
1. Шкендија 22
2. А. Пандев (-1) 14
3. Вардар (-2) 13
4. Шкупи 12



Датум: 27.09.2017, 17:27
Статијата е прочитана 1641 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense