| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.11.2017

2. ЛИГА ИСТОК: ЛИДЕРОТ САМО ДО БОД ВО КОЧАНИ

Иако се очекуваше сигурни три бода на Беласица, сепак, одиграа без голови против Осогово

Беласица беше голем фаворит во дуелот со Осогово, со оглед дека кочанскиот тим е „фенерџија“ по исклучувањето на Турново од Лигата. Сепак, на „Никола Мантов“ љубителите на фудбалот не видоа ниту еден гол. Сепак, „кенгурите“ и натаму останаа на првото место со солидна предност пред конкурентите.
Борец со победата на Кожуф, колку толку ја намали разликата пред водечкиот тим. Головите во триумфот од 2:0 ги постигнаа Каланоски и Пановски и тоа во 88 и 89 минута.
Брегалница беше подобра од Саса и со головите на Наумов и на Темелков победија со 2:0. Тиквеш беше најефикасен тим на денешните средби, и постигна три гола во Валандово во победата над Победа од 1:3. „Џокерот“ Симонов беше херој на натпеварот откако постигна три гола во вториот дел, а влезе во игра во паузата меѓу полувремињата. Додевски го постигна голот за Победа која што имаше водство по првиот дел.

РЕЗУЛТАТИ 14. КОЛО
БРЕГАЛНИЦА - К. САСА  2:0
БОРЕЦ - КОЖУФ 2:0
ПОБЕДА В. - ТИКВЕШ 1:3
ОСОГОВО - БЕЛАСИЦА 0:0
ТАБЕЛА:
1. Беласица 30
2. Борец 26
3. Брегалница 25
4. Кожуф 22
5. Плачковица 21
6. Тиквеш 18
7. Победа В. 11
8. К. Саса 11
9. Осогово 8



Датум: 18.11.2017, 15:19
Статијата е прочитана 1877 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense