| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

07.03.2017

Ејупи играч а Акраповиќ тренер на 23. коло во ХНЛ

Во идеалниот состав е и Стефан Ристовски, офанзивниот бек на Ријека

Го „скина“ Хајдук и затоа е играч на 23. коло во Првата лига на Хрватска. Секако дека тоа е Музафер Ејупи кој немаше конкуренција во изборот за тоа кој е нај, нај во изминатиот викенд во шамшионатот на Хрватска. Напаѓачот на Осијек доби оценка 8, по двата гола дадени на „Пољуд“ и победата од 2:1 за неговиот тим. Покрај него во тимот на колото е и Стефан Ристовски. Додека интересно е тоа што за тренер на колото е избран Бруно Акраповиќ, екс стратегот на Шкендија кој како тренер на Сплит славеше над Цибалија.



Датум: 07.03.2017, 16:09
Статијата е прочитана 5080 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense