| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.07.2017

„Лавот“ Лукас Меирелеш пред потпис со Ренова


Тетовски „гипсари“ го посакуваат во своите редови напаѓачот од Бразил кој во пролетната полусезона гоп носеше дресот на Македонија

Бразилскиот фудбалер Лукас Маркос Меирелеш е нов член на тренинзите на екипата на Ренова. Дваесет и едногодишниот корпулентен шпиц во вториот дел од минатата сезона го носеше дресот на Македонија Ѓорче Петров, за која настапи на 11 првенствени натпревари, од кои на четири беше дел од почетниот состав.
Иако не постигна ниту еден гол, ги прикажа своите фудбалски карактеристики, како што се одличната техника и силниот шут, но, истовремено, покажа и дека му е потребно повеќе време за да се привикне на македонското првенство. Таква шанса во идната сезона ќе добие во редовите на Ренова, каде што ќе конкурира за место во шпицот заедно со Филип Петковски и со Ремзифаик Селмани.
Со официјализирањето на неговиот трансфер, тој ќе стане третото летно засилување за Ренова, по крилниот фудбалер Лавдрим Скендери и голманот Матија Кобетиќ.

 


 



Датум: 03.07.2017, 10:42
Статијата е прочитана 2509 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense