| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

05.20.2017

Пандев: Шансите мора да се искористат

*Италија е моќна но има и слаби страни. Буфон е светски голман но го има совладано, а сакам да го „матирам“ и утре – изјави нашиот јапитен Горан Пандев.

Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев на официјалната прес конференција која се одржа предмалку, а во пресрет на утрешното наше гостување на Италија во Торино изјави дека „Аѕурите“ се моќен противник, дека ја имаат една од најдобрите одбрани во светот но и дека не се непобедливи.
„Добро ги познаваме Италија, добро работевме за овој натпревар, ги знаеме сите нивни добри и лоши страни и мислам дека сме подготвени да го дадеме максимумот и да извлечеме еден добар резултат на оваа средба – изјави Пандев и додаде.
„Знаеме сите Италија со каква одбрана располага. Мислам дека со една од подобрите во Европа, знаеме дека имаат квалитет. Сум играл против нив многу натпревари, можеме да ги изненадиме. Не можеме да и направиме на Италија десет зицери, но ако имаме 2-3 шанси мораме да ги искористиме шансите и да постигнеме гол“ - вели нашиот капитен.

Посакувам уште еден гол против Бурфон

На прашањето околу постигнатите голови против Џанлуиџи Буфон, легендата на италијанскиот и светски фудбал Пандев изјави.
„Му дадов 4-5 гола на Буфон, но е еден од поголемите голмани во светот. Буфон е пред крајот на кариерата и посакувам да му дадам уште некој гол“ - изјави Пандев



Датум: 05.10.2017, 17:26
Статијата е прочитана 332 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.10.2017
17.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense