| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

27.11.2017

ФФМ и Ангеловски ги одбија ОАЕ

Терминот 16 декември е крајно лош за селекторот Игор Ангеловски па така по неколку дневно размислување логично беше да не се прифати поканата на Емиратите

Репрезентацијата на Македонија составена од домашни играчи и засилена со неколкумина интернационалци, сепак нема да гостува во Дубаи на 16 декември и да одигра неофицијален пријателски меч со соодветната селекција на Обединетите Арапски Емирати. Терминот 16 декември е крајно лош за селекторот Игор Ангеловски па така по неколку дневно размислување логично беше да не се прифати поканата на ОАЕ од страна на Фудбалската Федерација на Македонија. Само да потсетиме дека сезоната завршува на 3 декември, додека Вардар има натпревари до 17 тој месец. Свои мечеви имаат Академија Пандев (10 декември) и Работнички (13 декември).



Датум: 27.11.2017, 14:44
Статијата е прочитана 2058 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense