| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

14.12.2017

Реџепи: Останувам во репрезентацијата

„Без разлика дали ќе ја прифатам понудата на косовскиот Кек, јас останувам и натаму помошник на селекторот Игор Ангеловски“ ни изјави Џенгис Реџепи

Утринава се појавија информации од Косово дека Џенгис Реџепи е новиот тренер на тамошниот тим Кек. Со оглед на тоа дека Реџепи е актуелен член на стручниот штаб на нашата репрезентација, интересно е да се види дали селекторот Игор Ангеловски по Арѓент Беќири и Висар Ганиу, ќе остане и без Реџепи.
„Можам да потврдам дека има преговори со Кек но се уште официјално не сме се договориле, имено има и други  опции за тоа каде јас ќе бидам тренер. Што се однесува до репрезентацијата на Македонија тука нема дилеми, јас и натаму останувам како помошник на селекторот Игор Ангеловски со кого имаме одлична соработка. Без разлика дали ќе бидам тренер во Кек или на друго место јас ќе бидам со репрезентацијата“ ни изјави Реџепи.
Ова истото ни го потврди и самиот Ангеловски кој рече дека и Милан Илиевски и Иван Јовановски си имаат клубови, тоа се останатите негови помошници, па доаѓаат кога имаат обврски во репрезентацијата.



Датум: 14.12.2017, 17:42
Статијата е прочитана 2098 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense