| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

13.02.2017

Обединети за фудбалот со допис до ФИФА и УЕФА

Во новото соопштените на Обединети за фудбалот се вели дека тие во целост ги запознале ФИФА и УЕФА со случувањата во мак - фудбалот

Ја известуваме јавноста дека ние, Обединети за фудбалот, согласно нашата претходна активност и предупредувања до претседателот на ФФМ да ги прекине дејствијата врзани за свикување нерегуларно собрание на ФФМ, ги известивме ФИФА, УЕФА и поедини домашни институции за конкретните прекршувања на Законот, Статутите  на ФФМ, УЕФА и ФИФА.
Отсега, како и до сега, директна одговорност за она што  натаму ќе се случува со македонскиот фудбал е на претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, кој имаше доволно време да размисли за можните последици од огромниот број нерегуларности.
Истовремено ве известуваме дека Обединети за фудбалот во Македонија заедно со Општинскиот фудбалски сојуз на Тетово и уште неколку иницијативни одбори ќе одржи прес-конференција в четврток, на 16 февруари, на која ќе бидат презентирани материјали кои ги потврдуваат нашите досегашни тврдења.

Обединети за фудбал  
Скопје - 13.02.2017       

 



Датум: 13.02.2017, 20:45
Статијата е прочитана 3469 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense