| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

23.02.2017

ПАНЧЕВ: Несторовски е роден голгетер

Илија ги има сите карактеристики на роден, расен голгетер. Има свои предности кои во моментов ги користи максимално. Италија и Серија А очигледно му одговара и го покажува целиот потенцијал.


Никогаш доста од фудбал и фудбалски теми. Па дури и кога станува збор за македонскиот фудбал, таа мачна тема за сите нас кој сме инволвирани во него. Нашиот легенда Дарко Панчев бил, е и секогаш ќе биде најкомпетентниот да ги искоментира состојбите во кој било момент затоа што тој со своето педигре го заслужил тоа. Во моментов топ тема секако дека е Илија Несторовски. Момчето кое жари и пали во италијанскиот фудбал и се обидува сам да го спаси својот Палермо од испаѓање. Ја прашавме популарната „Кобра“ за негово стручно мислење околу Несторовски и зошто прилепчанецот во моментов е тоа што е. Хит во Серија А. Го прашавме со кого Несторовски има сличности, со кого разлики, колку во него има „Панчев“ колку „Пандев“ како играч.
„Сличности и разлики помеѓу играчите има многу, секој си е своја индивидуа. Меѓутоа, факт е дека тој е прав, вистински голгетер. Има чувство за гол. Тие играчи кои имаат чувство за гол го покажуваат на меч, тоа не може да се скрие, да не излезе на површина. Пример е токму неговиот гол против Израел. Шут надвор од шеснаесетник, одбиена топка, Несторовски реагира одлично на одбиената топка, ја прима, пласира и дава гол. Сакам да кажам дека гол играчите како Несторовски го имаат тоа чувство, ги влече топката, да бидат на право место во право време. Тоа тој го покажува. Дека е играч со вроден сенс за гол“ - вели уште еден роден стрелец Дарко Панчев.

Повеќе во денешното печатено издание на „Македонски спорт“.



Датум: 23.02.2017, 10:23
Статијата е прочитана 4235 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense