| контакт | маркетинг

24.02.2017

Ферари по титула, Мекларен по подобра сезона

Двата најстари Ф1 тимови, Ферари и Мерцедес во ист ден го претставија својот болид за следната година

Ферари го претставија СФ70-Х болидот без многу фанфари по разочарувачката 2016, меѓутоа тифозите очекуваат италијанскиот тим да се врати на победите. За разлика од другите тимови, Ферари се одлучи на он-лајн промоција, по што болидот комплетираше кругови на тест-патеката во Фиорано, Италија како дел од „часовите за ТВ-снимање“.
Поранешните светски шампиони, Германецот Себастијан Фетел и Финецот Кими Раиконен повторно се заедно во обид да се стигне до првата титула кај конструктори од 2008 и првата кај возачи од 2007 година (кога победи Раиконен).

Мекларен пак, го претставија својот нов болид, МЦЛ32 со необична портокалово-црна комбинација, која наликува на тигар и која доаѓа од традицијата на тимот од 1960-тите и 1970-тите години. Зад воланот ќе бидат двократниот светски шампион Фернандо Алонсо и младиот Белгиец Штофел Фандорне, кој доаѓа на местото на Џенсон Батон. По катастрофалната 2015 и малку подобрата 2016 година, очекувањата во Мекларен се високи.



Датум: 24.02.2017, 15:33
Статијата е прочитана 720 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense