| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.06.2017

РАБОТНИЧКИ ГО ДОБИ ТРЕ ПЕНЕ ОД САН МАРИНО

Нашиот тим со најдобар рејтинг во УЕФА го доби и најлесниот ривал во квалификациите од Лигата на Европа. Екс првакот на Сан Марино на 29 јуни гостува во Струмица

Тре Пене е екипа која ќе биде ривал на Работнички во квалификациите од Лигата на Европа. Станува збор за тим кој три сезони беше првак на сан Марино а во сезоната која што заврши во мај оваа екипа на чуден начин загуби од Ла Фиорита и остана без титулата. Во мечот за титула Тре Пене загуби со 2:1 а прими гол во 11 минита од продолженијата.
Претставникот на Сан Марино на 29 јуни е гостин на Работнички во Струмица а реваншот се игра седум дена покасно на теренот на противникот.
Работнички е апсолутен фаворит со иглед на тоа дека Тре Пене во својата историја има 10 настаи на евро-сцената во кои само еднаш победи и тоа над Ширак од Ерменија пред 3 години. Сите останати 9 меча ги завршија со порази и тоа од Зрински, Рад, Дуделанж и ТНС од Велс.



Датум: 19.06.2017, 13:25
Статијата е прочитана 2410 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense