| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

13.07.2017

Роднината Ристовски од Кошице на располагање

 

Кога веќе браќата Матиќ не успеавме да ги доведеме во македонската репрезентација.

Браќата Немања и Урош Матиќ, српските репрезентативци кои со успех настапуваат низ Европа не успеавме да ги намамиме да настапуваат за македонската репрезентација. Тие како што е добро познато, имаат македонско потекло. Сега откако дефинитивно Македонија не може да смета на нив, можеби ќе имаме повеќе среќа со нивниот прв братучед. Се работи за играчот на словачкиот тим Кошице, Никола Ристовски кој е близок роднина на браќата Матиќ. Впрочем, и самиот Немања Матиќ големата звезда на светскиот фудбал своевремено одигра две сезони токму во овој клуб од 2007 до 2009 година.
Ристовски игра на позицијата среден играч за врска и е роден 1999. година. Претходно беше дел од екипата на Единство Уб. Ристовски нема настапи за репрезентацијата на Србија.


 



Датум: 13.07.2017, 14:50
Статијата е прочитана 1844 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense