| контакт | маркетинг
МИКС

20.03.2017

Македонското олимписко семејство прослави 25 години

„Чест ми е што сме дел од овој јубилеј на МОК. Во минатото се трудевме да бидеме успешни, а во иднина ќе се обидеме уште повеќе да ги оправдаме овие очекувања“ изјави Тупурковски

Македонскиот Олимписки Комитет вчеравечер со свечена церемонија прослави 25 години од своето формирање. Во холтелот „Холидеј Ин“ присуствуваа голем дел од спортистите кои изминативе две ипол децении со голем успех ја претставуваа Македонија на Олимписките игри.

„Чест ми е што сме дел од овој јубилеј на Македонскиот Олимписки Комитет. Изминативе две ипол децении максимално се трудевме за нашите натпреварувачи да имаат што подобри резултати на Олимписките игри. Во иднина ќе продолжиме со истото ова темпо и нема да застанеме тука“ изјави меѓудругото претседателот на МОК, Васил Тупурковски.

Плановите во иднина за една од нашите најголеми спортски инститиции се големи. Пред сè тука се мисли на изградбата на новиот дом на МОК.



Датум: 20.03.2017, 21:53
Статијата е прочитана 827 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense