| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

07.03.2017

Македонија У16 ќе се тестира со Ермeнија

Репрезентацијата на Македонија до 16 години ќе одигра два натпревари со соодветната селекција на Ерменија.


Натреварите ќе се играат на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Првата средба е во сабота, а вториот натревар се игра во понеделник.
Со ова започнува серијата на подготвителни средби на оваа генерација за октомврискиот квалификациски циклус кој ќе се одигра во октомври во Скопје. Покрај Македонија на турнирот ќе настапат и селекциите на: Словачка, Молдавија и Босна и Херцеговина. До почетокот на квалификаците репрезентацијата ја очекува и развоен турнир во април каде ќе ни гостуваат националните тимови на Романија, Израел и Лихтенштајн. Во мај ќе идиграат уште две средби со Азербејџан, а во април ни гостува Кипар.
„Натпреварите со Ерменија се убава можност да ја провериме формата на некој фудбалери. Поради откажувањето на кампот во Дојран не бевме во можност да видиме со каков квалитет располагаат дел од фудбалерите кои настапуваат во странство. Тие за прв пат ќе бидат со нас. На тој начин ќе добиеме појасна слика за нивниот потенцијал. Истовремено ќе ја провериме формата на останатите. Веќе имаме зкажано 7-8 натревари и веруваме дека до квалификаците ќе ја достигнеме посакуваната форма“, истакна селекторот Горан Станиќ .

Селекторот за натпреварите против Ерменија ги повика следните фудбалери: Голмани: Филип Џамтовски (Македонија Ѓ. П.), Матеј Андов (Вардар); Одбрана: Божидар Митревски (Работнички), Ване Тасевски (Сасуоло, Италија), Мишко Арсовски (Работнички), Кристијан Трпчевски (Њу Старс), Борис Јакимовски (Работнички), Ален Јусуфов (Рапид Виена, Австрија); Среден ред: Емил Скоко (Македонија Ѓ.П.), Рони Синани (Гостивар), Бојан Димовски (Вардар), Кире Трпчевски (Работнички), Ален Личина (Работнички), Кушрим Таири (Шкендија), Елези Агон (Шкупи), Владе Новевски (Војводина, Србија), Бесир Бефтијари (Теплице, Чешка), Амар Колешинац (Олимпија, Словенија); Напад: Давид Тошевски (Работнички), Ибраим Ариф (Академија Пандев);

 



Датум: 07.03.2017, 13:37
Статијата е прочитана 754 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense